Основи на фотографија

890,00 ден

Едукатор – Елена Бојаџиевска Цветковска 

Овој курс е наменет за сите ентузијасти кои сакаат да фотографираат, независно од нивната возраст и жанрот којшто сакаат да го обработуваат. Курсот по фотографија за почетници ќе ве однесе на напредно ниво за кратко време и ќе ги пополни празнините во знаењето со што ќе можете да го примените наученото знаење во секоја ситуација.

Категорија:

Тој ве води низ основите на добрата фотографија. Уникатна можност да се чуе почетокот и развојот на фотографијата кој ќе ви помогне во насоката која ќе ја изберете во вашите идни проекти. На крајот на курсот ќе почувствувате дека она што го учите овде не е само како да ракувате со фотоапаратот, туку комбинација од уметност и технички студии во фотографијата. Опфатените теми се движат од изборот на вашиот предмет до обработката на вашите финални фотографии. По завршувањето на овој курс, ќе бидете на добар пат да станете одличен фотограф.

mk_MKMacedonian
Основи на фотографија
890,00 ден